| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Спасов ќе ги посети децата во одморалиштето „Мајски цвет“

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ќе ги посети децата, кои ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и корисници на посебен додаток во детското одморалиште „Мајски цвет“ во Струга.

dime spasov deca

Во ова одморалиште завчера пристигна петтата група од 250 дечиња од социјално ранливи категории. Преку владиниот проект за бесплатно летување, во „Мајски цвет“ претсојуваа 680, а планирани се уште пет смени со 1.070 деца.

Проектот за бесплатен одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и корисници на посебен додаток се реализира од 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top