-Среќен сум, но и малку загрижен за нивното здравје, и за трошоците – изјавил Џошуа кој месечно заработувал од 70 до 115 евра.
Докторката која ја породила Салуд рекла дека бебињата се во инкубатор и дека нивната состојба е деликатна бидејќи имаат премала тежина. Мексиканката морала да ги роди во 27-та недела од бременоста поради анемија и внатрешно крвавење. Новороденчињата се долги околу 30 сантиметри и тешки од 590 до 850 грама, а лекарите велат дека шансите да преживеат не се големи.
-Имаме кадар и апаратура да направиме се што е во наша моќ – рекла Росалба Мартинез, специјалист на одделот на породување. Салуд пред 12 години родила четворка, а преживеале само 2 од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.