| четврток, 6 декември 2018 |

На кошаркарскиот „Трофеј на Македонија“: Џентиле грубо го нападна В. Стојановски, настана мешаница

kosarka

Турканица меѓу македонските и италијанските кошаркари се случи вечерва во скопската арена „Борис Трајковски“ каде што е во тек натпреварот од „Трофеј на Македонија“ во кој Италија во третата четвртина води со 50-39.

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски во контранапд беше грубо фаулиран од бекот на Итлија, Џентиле, кој го нападна нашиот кошаркар. Откако В. Стојановски реагираше, Џентиле повторно го турна, по што настана турканица во која неколку играчи од двете екипи се вмешаа.

Судиите досудија тајмаут, по што мечот продолжи коректно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top