| четврток, 6 декември 2018 |

Грипот се уште владее

свински грипВо периодот од 18 до 24 февруари во Македонија регистрирани се 2.959 лица со симптоми на грип, што во однос на претходната недела е зголемување на бројот на заболени за 12,5 проценти. Во истиот период минатата година, пак, како што соопшти денеска Институтот за јавно здравје, бројот на регистрирани заболени од грип е речиси петпати поголем.

Од заболените во оваа сезона, 66 заболени лица или 0,5 проценти се регистрирани во октомври, 235 лица или 1,7 проценти се регистрирани во текот на ноември, 296 заболени или 2,2 проценти се пријавени во декември. Во текот на јануари се пријавени 5.067 заболени лица или 37 проценти од вкупниот број заболени, а во февруари бројот на заболени изнесува 8.023 и чини 58,6 проценти од вкупниот број на регистрирани случаи.

Најголем број и процент од заболените се пријавени во Скопје 2.345 или 17 проценти, потоа од Тетово 2.147  проценти, од Струмица 1.576 заболени лица или 12 проценти. Најголем дел од заболените или 60,5 проценти се на возраст од 15-64 години.

Заклучно со осмата недела од 2013 година, само Берово нема пријавено заболени со симптоми на грип на својата територија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top