| четврток, 6 декември 2018 |

Toпузова Каревска: ВМРО – ДПМНЕ владее оти СДСМ има погрешна политичка платформа

Roza-Topuzovska-Karevska2-520x496
Пратеничката која го скрши мразот и реши да се спротистави на одлуката на Заев не жали за чекорот кој го направи и смета дека тоа е исправно. Роза Топузова Каревска во интервју за „Прес 24“ политиките на опозиционерите ги оценува како погрешни.
„Јас во одлуката, на опозицијата, за напуштање на Парламентот не видов јасна стратегија и план за понатамошно делување, не видов идеја, визија“, вели пратеничката.
Битката за демократијата смета дека треба да се води во институциите на системот. Тоа било и пресудно да го задржи мандатот.
„ Во ова констелација кога Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ имаат 62 пратеника, кога заедно со ДУИ имаат двотретинско мнозинство, само политички аналфабет може да каже дека ние сме и потребни на власта. Свесна сум дека моето делување во Парламентот не може многу да промени, особено кога се во прашање суштински прашања за државата, но функцијата, пратеник,  дава многу можности за институционално делување“, посочува Каревска.
Во концептот и делувањето наопозиционерите, народот како што вели мора да препознае излез од безнадежноста.
„Не може опозицијата да очекува дека ќе победи служејќи се со истите методи, кои ги критикува кај  власта, ако велиме дека популизмот е одлика на владењето на ВМРО-ДПМНЕ, не смее тој популизам да се замени со друг, ако Груевски владее автократски, тогаш опозицијата мора да понуди демократија, но пред се преку примери во своето однесување“, вели Каревска.
Парламентарците во периодов кој следи ќе треба да се посветат на измените на Уставот. Пратеничката  најавува дека дел од амандманите ќе ги поддржи, дел се против нејзините политички убедувања, а за дел ќе ја чека и експертската анализа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top