| четврток, 6 декември 2018 |

Се фалела на социјалните мрежи со украдена козметика од жртвите на малезискиот авион

maskara-

Екатарина Паркоменко од Торез, местото каде што неодамна падна малезискиот авион се пофали на социјалните мрежи со новата маскара за очи, украдена од багажот на една од починатите патнички од летот МХ17.

Објавување на овој коментар предизвика ланина коментари, а кога ја прашале дали се шегува, таа одговорила дека еден познаник, инаку крадец, и ја дал маскарата за очи.

– Маскарата е од Амстердам, или, да бидам попрецизна, од полето. Разбирате, нели – напишала Паркоменко на својот профил на Инстаграм.

Себеси таа се опишува како сепаратистка, која „мрази се што доаѓа од Украина“.

Набрзо по објавувањето на фотографијата, таа беше приморна да ги избрише сите профили на социјалните мрежи, бидејќи беше изложена на брутални напади на огорчените луѓе.

– Да се украде маскара за очи од загинат човек е дно – напишал некој во коментарите.

Малезискиот авион Боинг 777 леташе од Амстердам до Куала Лумпур, а беше соборен во источна Украина, каде што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top