| четврток, 6 декември 2018 |

На крај се разведе: Фрустрирана сопруга пишувала дневник за (не)активниот сопруг

tabela

Приказната почна кога еден сопруг направи табела со сите изговори на сопругата зошто немаат сексуален живот. Ова беше објавено пред неколку дена и беше многу популарно на социјалните мрежи. Сега еден портал објави приказна за една друга табела – дневник на една фрустрирана сопруга на која и недостигал секс со сопругот.

Според нејзината евиденција, за еден месец таа девет пати се задоволила со вибратор, двапати мастурбирала, еднаш орално го задоволила сопругот, еднаш тој неа, двапати имале секс, а 28 пати сопругот ја одбил со различни изговори.

Таа наведува дека сопругот доаѓал од кошарка и без да се истушира легнувал во кревет. Заспивал рано, гледал телевизија и ја игнорирал кога таа отворено му кажувала дака сака секс. Потоа таа мастурбирала, бидејќи не и останувало ништо друго.

Еднаш сексот траел две минути, па таа морала да сврши со употреба на вибратор.

На крај се развеле.

– Нејзиниот сопруг не беше лош човек, едноставно не и обрнуваше доволно внимание – изјави еден нејзин пријател.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top