
Во ек на крвавиот конфликт и напад на Израел на Палестина, на интернет се појави нов, бизарен тренд. Девојки се фотографираат голи или во долна облека и овие фотогрфии ги поставуваат на фејсбук во желба да им пружат поддршка на израелските воени сили. Се појавија две групи на фејсбук – една за женски, друга за машки, со „голи“ фотографии.

Бизарноста почна кога Габриел Бејо, 27-годишник од Тел Авив прво основа страница на фејсбук која за три дена собра повеќе од 12 илјади членови. Тој вели дека сакал светот да свати дека ни Израел, ни нивите одбранбени сили и покрај конфликтот, не се „ништо страшно“. Тој вели дека примил над илјада фотографии и пораки на војници кои му велат дека ова место ги потсетува зошто се борат.

– По борбата, наместо да јадат или да се одморат, целата единица ги гледа овие фотографии на фејсбук – вели Бејо.
Според него, поголемиот број поддржувачи на оваа страница се Израелци, но има и од целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


