| четврток, 6 декември 2018 |

Србија ги намалува платите, Македонија ќе ги зголемува

пари
Министерот за економија на Србија Душан Вујовиќ објави дека платите и пензиите ќе се намалат за 10 отсто.

– Владата на Србија ќе се потруди платите и пензиите да не бидат намалени ни за динар повеќе од 10 отсто – вети министерот Вујовиќ, кој е министер за економија и вршител на должноста министер за финансии. Тој после состанокот со премиерот Вучиќ, економистите, стопанствениците и банкарите, рекол дека деталите на тоа намалување и другите економски мерки на Владата ќе бидат познати по завршување на ребалансот на буџетот.

– Само дел од трошоците ќе биде префрлен на платите и пензиите, бидејќи мерките пред се ќе бидат насочени на намалување на сивата економија и тоа најмногу на шверцот со цигари – рекол Вујовиќ

– Ефектите на намалуваењто на платите и пензиите ќе биде отприлика две третини од потребното намалување на дефицитот, а една третина очекуваме со намалување на трошоците. Следната година веќе нема да се поставува прашањето за намалување на платите и пензиите, туку главните мерки ќе бидат насочени на приходната страна, а како резерва го имаме зголемувањето на ДДВ- најави Вујовиќ.

За разлика од Србија, во Македонија, не само што не се намалуваат платите и пензиите, туку најавено е нивно зголемување.
-За разлика од некои земји, од Србија и Португалија кои ја намалија платата за 10 проценти, во Македонија не само што ќе нема намалување на платите и пензиите, туку напротив октомвриската плата на јавната администрација ќе и биде зголемена за 5 проценти како што беше најавено, а по Нова година ќе следи и зголемување на пензиите – истакна вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top