
Стабилна е состојбата на 51-годишната жена која се здоби со тешки изгореници при експлозијата во фабриката за пиротехника во Сопиште. Таа и понатаму останува приклучена на апарати за дишење на КАРИЛ. Пациентката има изгореници од четврти степен. Од Клиниката за zdravstvo24 велат дека за разлика од вчера, денеска кај пациентката има благо подобрување на состојбата. Нејзините витални параметри се стабилни. Двајцата пациенти хоспитализирани во градската хируршка болница св. Наум Охридски и понатаму се во критична состојба. Пациентите на 27 и 59-годишна возраст дишат со помош на апарати. Имаат многу тешки и длабоки изгореници од трет степен и се во животозагрозувачка состојба.
-Со изгореници е зафатена голема површина од телото и дишните патишта заради што веднаш се ставени на респиратор – велат од градска.
Лекарите прават максимални напори за одржување на нивните витални функции
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.