| четврток, 6 декември 2018 |

Како да ги комбинирате силните бои

Летото е како создадено за силни и за весели бои, а посебно за таканаречените неонски бои. Тие изгледаат многу добро ако ги комбинирате правилно

Неколку совети за комбинирање на впечатливите бои, а да не изгледате како дворски шут. Ви предлагаме интересни комбинации кои може да ве инспирираат и да ги носите на начин на кој одговара.

 

Atraktivno98-2

Почнете со мали дози

Ако не се чувствувате добро во облеката во која доминираат впечатливи бои, а, сепак, сакате да бидете во тренд, тогаш може да носите чанта и накит во дречлива боја или, пак, да имате лак за нокти во таква боја.

 

Atraktivno98-3

Комбинирајте со неутрални парчиња

Ако носите маица или пантолони во силни бои, тогаш вашите чевли нека бидат во неутрална боја. Не претерувајте со силните бои ако не сакате да изгледате како кловн. Одлична комбинација со силните бои е џинсот, кој ќе ги ублажи силните бои и нивното влијание.

 

Atraktivno98-5

Изгледајте складно

Ако носите облека во силни бои, тогаш вашиот накит или вашата шминка нека бидат во полесна варијанта, односно помалку впечатлива. Важно е целокупниот впечаток да биде добар.

 

Atraktivno98-4

Комбинирајте внимателно

Маица со натпис или фотографија искомбинирана со чанта или со здолниште со силна боја можеби е премногу. Кај силните бои е важно да не се претерува и внимателно да се одбере облеката што ќе се носи со нив.

Atraktivno98-6

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top