| четврток, 6 декември 2018 |

Нова игра на емоции за инстант слава

Про­те­сти­те беа и по­ми­наа. Ка­ме­ња­та се со­бра­ни, ба­ри­ка­ди­те пре­ме­сте­ни, а жи­во­тот ка­ко и со­о­бра­ќа­јот по бу­ле­ва­рот кај „Ма­вро­вка“ про­дол­жи да те­че. Оста­на чув­ство­то на ме­ѓу­себ­на осу­да за скр­ше­ни­те гла­ви за­ра­ди ин­стант по­ли­тич­ка сла­ва. И пре­поз­на­ва­ње на ма­ски­ра­ни­те со ка­ме­ња в ра­це во вра­бо­те­ни­те во про­дав­ни­ци­те, на ули­ца, во ад­ми­ни­стра­ци­ја­та...

Де­вој­ка под­го­тву­вај­ќи се за се­меј­на све­че­ност е во по­тра­га по со­од­вет­ни чев­ли. Са­ка да е во но­во, на че­кор е од по­че­ток на но­ва стра­ни­ца во неј­зи­ни­от жи­вот. Прет­по­ста­ву­ва­те, ни­што од по­ну­де­но­то не ѝ фа­ќа око. Па, до­бро зо­што не ви­диш во „Ма­вро­вка“ или низ чар­ши­ја? – ја пра­шу­ва­ат при­ја­тел­ки­те. Не одам та­му, не­ка­ко ми е страв, не ми е при­јат­но се­га.. – од­го­ва­ра мла­да­та же­на. Раз­го­во­рот од со­сед­на­та ма­са во ед­но скоп­ско ка­фу­ле ми го вре­жа во гла­ва ли­кот на ид­на­та не­ве­ста. За мо­мент ѝ ја сне­ма жар­та, спом­ну­ва­ње­то на „Ма­вро­вка“ ка­ко да ѝ ја ис­ци­ца енер­ги­ја­та, а во неј­зи­ни­те очи се чи­та­ше за­гри­же­ност, не­из­вес­ност и та­га…

И по ре­чи­си це­ла не­де­ла не мо­жам да го за­бо­ра­вам тој лик. На не­го ми се на­до­вр­зу­ва те­жи­на­та во воз­ду­хот, из­ве­сту­вај­ќи за на­сил­ни­те из­ли­ви и су­ди­ри ме­ѓу по­ли­ци­ја­та и оние кои де­мон­стри­раа си­ла про­тив суд­ска­та од­лу­ка за слу­ча­јот „Мон­струм“.

 

Ка­ко во лош ка­у­бој­ски филм

Че­кај­ќи го по­че­то­кот на она што бе­ше нај­а­ве­но ка­ко „ми­рен про­тест“, ти­ши­на­та бе­ше надв­ла­де­а­ла врз ина­ку нај­буч­ни­от бу­ле­вар во Скоп­је. Со­ци­јал­ни­те мре­жи, мо­же­би, беа ме­сто за до­го­вор и по­ви­ку­ва­ње на про­те­сти, но во пр­ви­те ре­до­ви, се­пак, беа за­бе­ле­жи­тел­ни ли­ца поз­на­ти по нив­ни­от по­ли­тич­ки акти­ви­зам. Во­ди Зи­ја­дин Се­ла, стру­шки­от гра­до­на­чал­ник, кој пад­на во не­ми­лост на не­го­ви­от до­ско­ра­шен ли­дер, Мен­дух Та­чи од ДПА.

„Ми­рен про­тест“ и овој пат бе­ше нас­ло­вот зад кој ор­га­ни­за­то­ри­те не­кол­ку па­ти ги со­кри­ваа на­ме­ри­те за на­силс­тво. Ре­зул­та­тот од тоа беа цел ка­ми­он полн со бе­тон­ски коц­ки и ка­ме­ња во цен­та­рот на Скоп­је, ис­пу­ка­ни по­ли­ци­ски сол­зав­ци, скр­ше­ни гла­ви, на­силс­тво кое вед­наш до­би ет­нич­ки предз­нак и за­зе­де ме­сто во ме­ѓу­на­род­ни­те ме­ди­у­ми и во аген­ди­те на по­ли­ти­ча­ри­те.

Пред Бит-па­зар, во строј пре­ку ше­сте лен­ти на бу­ле­ва­рот „Кр­сте Пе­тков Ми­сир­ков“ беа рас­по­ре­де­ни оние што вед­наш по пе­точ­на­та мо­ли­тва во Ја­ја-па­ши­на­та џа­ми­ја ја за­зе­доа по­чет­на­та по­лож­ба за про­тест. До­де­ка на дру­ги­от крај на бу­ле­ва­рот се рас­по­ре­ду­ваа по­ли­ци­ски­те си­ли, се слу­шаа ова­ции за се­кој до­чек на но­ви­те гру­пи. Со бр­зи­на на ре­вол­ве­раш од Ди­ви­от За­пад, ма­ич­ки­те на мла­ди­те мом­ци се пре­тво­ра­ат во кал­чун­ки за со­кри­ва­ње на ли­кот.

Сто­ти­на­та ме­три на­пу­ште­ни ко­ло­воз­ни лен­ти ги ис­пол­ну­ваа из­ви­ци про­тив по­ли­ци­ја­та, су­дот, др­жа­ва­та, воск­ли­ци за го­ле­ми­на­та на Алах, на УЧК. Со иста си­ли­на ‘рже­ше и по­ли­ци­ска­та ме­ха­ни­за­ци­ја. По­ли­ци­ја­та го за­зе­де „сво­јот дел“ од ули­ца­та гле­дај­ќи кон тол­па­та пре­ку огра­да­та од по­ли­ци­ски шти­то­ви.

Ка­ко во не­кој ка­у­бој­ски филм, бал­ко­ни­те и про­зор­ци­те на окол­ни­те згра­ди, те­ра­си­те на ТЦ „Ма­вро­вка“, ка­ко и при­о­ди­те од пар­кин­зи­те и спо­ред­ни­те улич­ки, беа пол­ни со љу­бо­пит­ни ли­ца. Окол­ни­те сопс­тве­ни­ци на про­дав­ни­ци, по искус­тво­то од пред не­кол­ку де­на, ве­ќе за­тво­ри­ле.

Про­те­стот поч­на со оде­ње во ши­ро­ка ко­ло­на, кол­ку што доз­во­лу­ва бу­ле­ва­рот. Из­ви­ци­те ста­ну­ваа сè пог­лас­ни. По­ли­ци­ја­та, пак, ги зби ре­до­ви­те. Ве­ќе се пре­поз­нат­ли­ви транс­па­рен­ти­те на кои сли­ко­ви­то се при­ка­жу­ва ка­ко ДУИ и ДПА , пар­ти­и­те на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци во Ма­ке­до­ни­ја, се „сле­ва­ат“ во ВМРО-ДПМНЕ. Се исто­по­ри­ја зна­ми­ња, па­ро­ли со нат­пи­си на ими­ња на по­ли­ци­ски ак­ции, транс­па­рен­ти, фо­то­гра­фии и ко­ла­жи со ли­ко­ви од по­ли­ти­ча­ри во пр­ви­те ре­до­ви. „Алах е го­лем“ „УЧК, УЧК“, „Те­ро­ри­сти“, пес­ни за Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја. Нап­на­то­ста на­рас­на ко­га мла­ди мом­ча­ци со ма­ич­ки вр­за­ни пре­ку гла­ва де­мон­стри­раа бе­страш­ност пред по­ли­ци­ја­та. По оби­дот, пак, еден од нив со но­га да удри по­ли­ци­ски штит, дел од ре­да­ри­те на про­те­стот го от­трг­наа.

Ме­ѓу ал­бан­ски­те зна­ми­ња­та што се ве­е­ја, изо­ста­наа ис­лам­ски­те обе­леж­ја, изо­ста­на са­у­ди­ско­то зе­ле­но­то зна­ме. Но, не­кој ме­ѓу тол­па­та раз­веа зна­ме на Со­е­ди­не­ти­те Аме­ри­кан­ски Др­жа­ви. Го­ле­ма гре­шка, што се од­не­су­ва до оние до не­го. Во дел од се­кун­да млад чо­век со ку­са ко­са и дол­га бра­да му го от­трг­на од ра­це, за­ка­ну­вај­ќи му се и со прст, но и со збо­ро­ви кои бе­ше не­воз­мож­но да се слуш­нат во пес­ни­те кои ѕу­неа ме­ѓу окол­ни­от бе­тон. Ако не­ко­му и му се при­чи­ни де­ка вли­ја­е­ле збо­ро­ви­те на ис­лам­ски­от вер­ски ли­дер за зна­ми­ња­та, ве­ро­јат­но бил по­стиг­нат и ком­про­мис – не­ма арап­ски, но не­ма ни­ту зна­ми­ња на САД. Су­дре­ни­те стра­ни во бли­ско­и­сточ­ни­от конф­ликт ком­про­мис­но се изо­ста­ве­ни од ули­ци­те во Скоп­је.

 

Ме­ди­у­ми­те – тре­та­та стра­на на ме­да­лот

Во чуд­на ти­ши­на и но­ви­нар­ски­те еки­пи го че­каа на­ве­сте­но­то вре­ме за „иска­жу­ва­ње ре­волт“. Ни­ко­му таа за­да­ча не му е но­ва, не­поз­на­та, не­о­че­ку­ва­на. Со нас­ме­вка на ли­це­то во обид да се трг­не гри­жа­та од оче­ку­ва­но­то, се раз­ме­ну­ваа ин­фор­ма­ции. При­тоа не ште­деј­ќи го доз­на­е­но­то по ме­ди­ум­ска, по­ло­ва, рас­на, вер­ска, ет­нич­ка ли­ни­ја, ни­ту на но­ви­на­рот, ни­ту на фо­то­гра­фот, сни­ма­те­лот, па и ја­зи­кот на кој еми­ту­ва ме­ди­у­мот.

Нај­за­бе­леж­ли­во бе­ше при­сус­тво­то на стран­ски­те еки­пи. Се оби­ду­ваа да доз­на­ат не­што по­ве­ќе, да ос­тва­рат кон­такт плус, па и да сни­мат из­ја­ва од „до­маш­ни­те поз­на­ва­чи на со­стој­би­те“. Не­кој до­фр­ли де­ка бал­кан­ски­те еки­пи се на­у­че­ни на та­ква ат­мо­сфе­ра. Оние, пак, што до­а­ѓаа од по­да­леч­ни­от За­пад, еден ко­ле­га нај­ве­ро­до­стој­но ги опи­ша ка­ко „ру­да­ри“. Аме­ри­кан­ци се, ги по­чи­ту­ва­ат си­те на­ло­же­ни пра­ви­ла за без­бед­ност во ва­кви слу­чаи. Гас-ма­ска, шлем, ко­мот­на об­ле­ка и обу­вки што го шти­тат це­ло­то те­ло. Обе­леж­ја де­ка се ра­бо­ти за но­ви­на­ри. Дој­де­ни се од Истан­бул во Скоп­је би­деј­ќи та­му се­га ни­што не се слу­чу­ва­ло. На пра­ша­ње што, пак, оче­ку­ва­ат ту­ка, отка­ко за­бе­ле­жа ди­кта­фон во мо­ја­та ра­ка, ко­ле­шка­та од САД ја за­тво­ри уста­та со ра­ка, ни­шај­ќи ја гла­ва­та ле­во-дес­но. Јас­но е, не са­ка и не ѝ е доз­во­ле­но да ко­мен­ти­ра.

Про­те­стот е на не­кол­ку сан­ти­ме­три од по­ли­ци­ски­от штит. Фо­то­ре­пор­те­ри, сни­ма­те­ли, но­ви­на­ри, во обид за по­до­бра сли­ка ги на­тис­наа по­ли­цај­ци­те од зад грб. Од дру­га­та стра­на, про­во­ка­ции, пцо­сти, по не­ко­ја за­ка­на од ти­пот на „што ме сни­маш, бе“, но и очиг­лед­но жел­ба да се фо­то­гра­фи­ра ре­ак­ци­ја­та на по­ли­ци­ја­та и на но­ви­на­ри­те. Пре­ли­сту­вај­ќи ги фо­то­гра­фи­и­те од прет­ход­ни­те на­сил­ни про­те­сти, исти­те ли­ца со те­ле­фо­ни и со таб­ле­ти фо­то­гра­фи­раа и се­га кон по­ли­ци­ја­та, но­ви­на­ри­те, кон наб­љу­ду­ва­чи­те на­о­ко­лу. Дел, пак, од тие што го наб­љу­ду­ваа про­те­стот, а се дел од јав­ни­от жи­вот ме­ѓу ет­нич­ки­те Ал­бан­ци, се фо­то­гра­фи­раа зад гр­бот на по­ли­ци­ја­та, за спо­мен со два диг­на­ти пр­сти. За „лај­ко­ви “ на Фејс­бук, ка­ко што ко­мен­ти­раа.

Но­ви­нар­ска­та еки­па од Тур­ци­ја го сни­ма при­ло­гот во таа ме­ша­ни­ца. Во сти­лот на „из­ве­сту­ва­ње во од“, но­ви­нар­ка­та ја до­ло­ву­ва ат­мо­сфе­ра­та ше­тај­ќи од ед­ни­от крај кај по­ли­ци­ски­те во­зи­ла, до кор­до­нот по­ли­ци­ја, зад кој ор­га­ни­за­то­ри­те се оби­ду­ва­ат да надв­ла­де­ат над „стра­ста за од­маз­да“ на на­со­бра­ни­те. Во обид да се до­ло­ви ат­мо­сфе­ра­та во „точ­ка­та на вже­ште­ност“ на­стра­да дел од ка­ме­ра­та на ал­бан­ска­та те­ле­ви­зи­ја „Топ ча­нел“. По­ма­ла гре­ба­ни­ца на ра­ка­та на сни­ма­те­лот оста­на ка­ко бе­лег за ре­ги­стри­ра­ни­от на­стан.

Во­да­чи­те на тол­па­та од­лу­чи­ја да ги про­чи­та­ат по­ра­ки­те од со­би­рот. Но­ви­на­ри­те се втур­наа низ мал про­цеп ме­ѓу по­ли­ци­ски­от кор­дон. Не уви­ду­вај­ќи го мо­мен­тот, не­поз­на­та ра­ка од тол­па­та от­тур­ну­ва ка­ме­ра ко­ја уди­ра во гла­ва­та на но­ви­нар. Око­ли­на­та ја сми­ру­ва си­ту­а­ци­ја­та, но ни­кој не мо­же да прет­по­ста­ви од ка­де и до ка­де „мир­ни­от про­тест“ мо­же да за­зе­ме дру­га на­со­ка. Тур­ка­ни­ца­та во бра­но­ви и вер­бал­ни­те за­ка­ни кон по­ли­ци­ја­та не стив­ну­ваа. Но, со­стој­ба­та оста­на на тоа ни­во. По­ли­ци­ја­та не воз­вра­ќа, не ни отво­ра уста. Мол­кум ја др­жи ли­ни­ја­та.

По­ра­ки­те се ис­пра­те­ни, па, спо­ред за­цр­та­но­то на ор­га­ни­за­то­ри­те, вре­ме е за раз­и­ду­ва­ње. Оние што, очиг­лед­но, имаа уло­га на ре­да­ри на про­те­стот по­ви­каа на „пов­ле­ку­ва­ње“. Со прст по­со­чу­вај­ќи кон Ја­ја-па­ши­на­та џа­ми­ја, ду­ри и ги пот­тур­ну­ваа на­со­бра­ни­те да се пов­ле­чат.

 

Дој­де­ни за прес­ме­тка – се свр­ти­ја са­ми кон се­бе

И ту­ка пред очи на си­те се слу­чи мо­мент кој ја на­ру­ши сли­ка­та де­ка дел од на­со­бра­ни­те на­ви­сти­на се дој­де­ни на ми­рен про­тест. Не­ис­пол­не­та­та жел­ба за но­ва ди­рект­на прес­ме­тка со по­ли­ци­ја­та, ка­ме­ња по­ле­таа пре­ку не­бо­то. На се­кој по­вик „Ка­ме­е­е­ен“, тие зад по­ли­ци­ски­от кор­дон ба­раа за­сол­ни­ште од стра­на. Оби­ди­те на вер­бал­но раз­у­бе­ду­ва­ње ме­ѓу де­мон­стран­ти­те не дејс­тву­ва­ше. Пад­наа и ту­па­ни­ци и кло­ци во оние кои за­о­ста­ну­ваа од тол­па­та ко­ја се пов­ле­ку­ва­ше ме­тар по ме­тар. Овие сце­ни на ули­ца­та се по­вто­ру­ваа на се­кои три ми­ну­ти. Ка­ко по не­кој шаб­лон – ред пов­ле­ку­ва­ње, ред фр­ле­ни ка­ме­ња и дрв­ја, ред тур­ка­ни­ци ме­ѓу рев­нос­ни­те де­мон­стран­ти и оние кои ве­ро­јат­но са­каа да оста­ват впе­ча­ток на ми­рен про­тест.

По не­полн час, очиг­лед­но надв­ла­де­а­ја оние што са­каа да оста­ват по­и­на­ков впе­ча­ток по по­ра­ки­те ме­ѓу два­та про­те­сти де­ка се­кој има пра­во на израз на не­за­до­волс­тво, но мир­но и без на­силс­тво. Низ праз­ни­те бу­ле­вар­ски лен­ти по­ма­ли гру­пи пре­тр­чу­ва­ат со диг­на­ти два пр­сти во воз­дух. Не­кои, пак, се вра­ќаа по за­бо­ра­ве­ни­те транс­па­рен­ти оста­ве­ни во зе­ле­на­та огра­да. Ед­но де­те, пак, ја иско­ри­сту­ва си­ту­а­ци­ја­та, па со ве­ло­си­пе­дот вр­те­ше во круг ме­ѓу по­ли­ци­ски­те шти­то­ви и тол­па­та ко­ја се од­да­ле­чу­ва­ше.

По­ма­ли гру­пи мла­ди ма­жи беа пу­шта­ни да по­ми­нат низ кор­до­нот по­ли­ци­ја. По кра­тко вре­ме и по­ли­ци­ски­те во­зи­ла си за­ми­наа, а бу­ле­ва­рот бе­ше отво­рен за со­о­бра­ќај. Оста­наа са­мо фр­ле­ни­те ка­ме­ња и дрв­ја ка­ко по­тсет­ник за про­те­стот. Ме­ди­у­ми­те, до­маш­ни и стран­ски, ги сни­маа пос­лед­ни­те из­ве­штаи со овие улич­ни до­ка­зи де­ка ту­ка пред мал­ку има­ло нап­на­тост и оче­ку­ва­ња за но­ви прес­ме­тки по­кри­е­ни зад пла­штот на ет­нич­ки­те и вер­ски­те раз­ли­ки.

Стран­ски­те еки­пи си за­ми­наа и от­ту­ка, ка­ко што за­ми­на­ле и од Тур­ци­ја, во по­тра­га по но­ви за­тво­ре­ни бу­ле­ва­ри пол­ни со нап­на­тост. Ме­ди­у­ми­те кои го сле­деа раз­во­јот и при­чи­ни­те за овие про­те­сти пре­не­соа де­ка, се­пак, зад нив стои иде­ја за фор­ми­ра­ње но­ва по­ли­тич­ка пар­ти­ја ко­ја игра на бр­за­та кар­та на емо­ции за осво­ју­ва­ње сим­па­тии. Кар­та ко­ја на Бал­ка­нот до­ка­жа­но но­си са­мо ин­стант сла­ва на со­ци­јал­ни­те ме­ди­у­ми, но и ре­ал­на не­ми­ри на ули­ци­те. Кар­та ко­ја по кој знае кој пат на­и­де на осу­да и од сво­и­те ту­ка во Ма­ке­до­ни­ја и од ту­ѓи­те, од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца.

Кар­та ко­ја кај мно­гу­ми­на, ка­ко на ид­на­та не­ве­ста од по­че­то­кот на при­каз­на­та, пре­диз­ви­ку­ва осу­да на на­сил­ни­ци­те, но и пот­свес­но пре­поз­на­ва­ње на ма­ски­ра­ни­те ли­ца со ка­ме­ња в ра­ка ме­ѓу оние што ра­бо­тат во „Ма­вро­вка“, во чар­ши­ја­та, во ад­ми­ни­стра­ци­ја­та. А, тоа не е кар­та­та ко­ја ко­му би­ло во др­жа­ва­та ќе му до­не­се до­бро.

 

(Пишува: Наум Стоилковски
Текст објавен во 98. број на неделникот „Република“, 18.07.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top