| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона урива рекорди

Со новата победа над Малага од 3-1, Барселона остана лидер во Примера лигата и го урна шпанскиот рекорд по број на бодови во првиот дел од сезоната. Со 55 бода од 19 натпревари, Каталонците станаа најуспешниот клуб во Шпанија според ефектот во една полусезона. Лидер во новиот триумф очекувано беше Лионел Меси со еден гол и две асистенции, по кои Фабрегас и Тијаго ја погодија мрежата на домаќините во Малага.

Барселона е лидер со 11 бода предност пред Атлетико Мадрид и огромни плус 18 пред вечниот ривал Реал Мадрид.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top