Новиот автомобил е креиран според мошне популарниот, но помал „опел адам“ и според докажаната „опел астра Ј“.
Новата „опел корса“ е дизајнирана и изградена на сосема нова модернизирана платформа и конструкција. Овој автомобил доби нова амортизација и ново подвозје. Подобрената управливост во свиоците се должи на преработената задна суспензија. „Опел“ внесе два нови режима на возење, спорт и комфорт. Спортската верзија има 17-инчни бандажи од алуминиумска легура и мотори кои, сепак, не преминуваат моќност од 115 коњски сили. Каросериската изведба на хеџбек може да се добие со нов систем со седуминчен екран, навигација со гласовно управување и можност за синхронизација со надворешни уреди кои работат на оперативни системи ИОС и андроид.
Купувачот на новата „опел корса“ како опција може да добие и систем за следење на т.н. мртвите зони на движење, систем за приспособување на предното светло при појава на возило од спротивниот правец, предни светилки БИ ксенон, камера за движење назад, како и загревање на предните седишта и на воланот.
Карактеристично за новата „опел корса“ е тоа што е вграден сосема нов мотор со три цилиндри и со турбополнач со зафатнина од 1.0 литар. Овој агрегат е достапен во две варијанти на моќност, и тоа со 90 и со 115 коњски сили, и со вртежен момент од 170 њутн-метри. Во двата типа мотори е вграден сериски систем старт-стоп, со што потрошувачката е намалена на 4,5 литри за 100 километри.
Како бензински мотори уште се нудат 1,4-литарски турбоагрегат со 100 коњски сили и 200 њутн-метри и два атмосферски со 1,2 и 1,4 литри, и со 70 и 90 коњски сили.
Купувачите на македонскиот пазар сигурно ќе ги интересираат и моделите што користат мотор со дизелско гориво. „Опел“ за таа намена произведе два сосема нови агрегати со 1,3 литри, кои развиваат 75 и 95 коњски сили.
Трансмисијата во сите модели на новата „опел корса“ ќе се врши преку петстепени и шестстепени мануелни менувачи, како и шестстепен автоматски менувач.
Од фабриката во Риселсхајм наведуваат дека цената ќе биде позната по претставувањето на автомобилот на Саемот во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст