И покрај тоа што црните кутии од малезискиот авион што се урна во источна Украина имаат ситни механички оштетувања, нема оштетување на информациите во нив, соопшти рускиот меѓудржавен воздухопловен комитет.
Ова беше утврдено за време на испитувањето на кутиите, соопшти Комитетот, кој е надзорен орган за користење и управување на цивилната авијација.
Овие информации се потврдени и од Холандскиот совет за безбедност, кој ја контролира истрагата за несреќата, и додава дека нема знаци дека кутиите се изманипулирани. Русија е меѓу земјите што се вклучени во анализата на снимката.
Патничкиот авион „боинг 777“ на малезиската авиокомпанија „Малезија ерлајнс“ е пронајден во источна Украина, на 60 километри од руската граница. При уривањето на авионот загинаа сите 295 патници и членови на екипажот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.