Најпознатиот кошаркарски договор во НБА лигата, а воедно и во светот меѓу Џордан и Чикаго Булс се продава на аукција.
Договорот со важност од една година во 1997, беше „тежок“ 33 милиони долари и до ден денес тој е најскапиот договор кој еден кошаркарски клуб го исплатил на еден играч.
Колку за споредба, моментално најплатениот кошаркар Коби Брајант годишно заработува 23,5 милиони долари.
Договорот се состои од 24 страници и пропратно писмо, а секоја страница своерачно ја потпишал Мајкл Џордан.
Овој договор се проценува на 30 илјади долари, но веднаш по отворањето на аукцијата достигнал цена од 240 илјади долари.
Сепак, овој договор малку е веројатно да ја достигне цената од аукцијата на договорот на најдобриот бејзбол играч Бејб Рут кој во 1918 година потпишал со Бостон Ред Сокс.
Тој договор бил продаден за рекордни 1.02 милиони долари на аукција во Њу Џерси минатиот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент