Дачиќ рекол дека во Брисел тврдат оти не сакаат нова Република Српска на Косово, но и дека никој тоа не го ни бара.
-Властите во Србија се скршени, направија компромис. Не ми даваат повеќе да зборувам за поделба, или за разграничување, иако јас се уште мислам дека тоа е најдоброто и единствено решение, односно само тоа е прифатливо и за Србите и за Албанците- изјавил Дачиќ за српските медиуми во Националната библиотека на Србија.
Дачиќ рекол дека Србија останува посветена на дијалогот за да се изнајде решение на Косово, но дека ситуацијата воопшто не е наивна туку многу тешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.