| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски-Могерини: Италија со цврста поддршка за македонската евроинтеграција

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска оствари средба со неговата италијанска колешка Федерика Могерини, која е во официјална посета на земјава.

POPOVSKI-SO-ITALIJANKATA-2

Могерини на средбата ја потврди италијанската поддршка за влез на Македонија и земјите од Западен Балкан во ЕУ.

– Италија цврсто верува дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан и Македонија е наш стратешки интерес. Италија е подготвена и го поддржува процесот на реформи кој го спроведува македонската влада – рече Могерини.

POPOVSKI-SO-ITALIJANKATA

Во однос на проблемот меѓу Македонија и Грција, италијанската министерка истакна дека прашањето за името е од суштинско значење и таа целосно го поддржува процесот кој се води во рамките на Обединетите нации, но суштинските напори мора да се направат помеѓу Скопје и Атина.

Министерот Поповски се заблагодари за италијанската поддршка во процесот за пристапување на Македонија во ЕУ и посочи дека заинтересираноста на Италија за земјите од Западен Балкан е многу важен сигнал за регионот.

POPOVSKI-SO-ITALIJANKATA-3

– Македонија останува посветена на сите реформи потребни за евроинтеграција на Македонија – истакна Попоски.

Тој се осврна на фактот дека за Македонија во повеќе наврати се одложува почетокот на преговорите поради недостигот од согласност од страна на сите земји-членки на Унијата. Во тој контекст го повтори и македонското залагање за почитување на меѓународните правни обврски.

– Сметам дека е потребна посветеност од сите страни и од сите земји-членки кон исполнување на меѓународно-правните обврски и задржување на основните вредности и принципи врз кои е заснована Унијата – рече Попоски.

Министерот додаде дека Италија е еден од петте најзначајни трговски партнери и постои одлична билатерална соработка на сите полиња.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top