| четврток, 6 декември 2018 |

ПНБ Парибас – водечка француска банка фатена во измама со државна помош

Една од најголемите француски банки – ПНБ Парибас ќе мора да плати 80 милиони евра казна поради учеството во измами со државна помош.

Со одлука судијата Лејк од окружниот суд во Хјустон, Тексас го одобри договорот меѓу банката и Министерството за правда, во која ПНБ Парибас прифаќа да ја плати оваа казна за да се заврши случајот. Во коминике, заводот вели дека од 1998 до 2005 година француската банка е вклучена во измама, чијашто цел била да се оддалечи од гаранциите за плаќање на Министерството за земјоделство на САД, наменети за американските компании, кои работат, главно, за извоз.

Американски и мексикански филијали на истата компанија илегално добиле кредитни гаранции за трансакции извршени меѓу нив, додава Министерството.

ПНБ Парибас прифатила да ги трансферира овие гаранции за плаќање, знаејќи дека извозните и увозните компании немале право на тоа, се наведува уште во весникот. И кога во 2005 година мексиканската компанија увозник објавила дека не е во можност да плати 78 милиони долари на компанијата-извозник, ПНБ Парибас добила од Министерството за земјоделство на САД согласност да плати дел од „штетата“.

Неодамна ПНБ Парибас беше казнета со 8,9 милијарди долари за прекршување на американското ембарго против Судан, Куба и Иран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top