| четврток, 6 декември 2018 |

Андон Дончевски доби „Медал за заслуги за Македонија“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓи Иванов  го одликуваше со „Медал за заслуги за Македонија“ и првиот македонски фудбалски селектор Андон Дончевски.

Признаниетот се доделува на припадници на македонската дијаспора, за исклучителната посветеност и ангажираност во нивното работење и дејствување, со што значително придонесуваат кон афирмација на Република Македонија во светот. Меѓу нив секако свое место најде и Андон Дончевски кој во моментов живее во Австралија.

Во рамките на Петтата годишна конференција на иселеничките организации беа доделени признанија и одликувања и на десет македонски организации од дијаспората и уште седум поединци, покрај Андон Дончевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top