Од денеска возачите во Србија кои направиле сообраќаен прекршок ќе можат да се договорат за висината на казната и со тоа да ја добијат минималната законски пропишана глоба, доколку ја признаат вината за сторениот прекршок
Спогодувањето за минималната казна не важи за оние прекршоци за кои е пропишана фиксна парична казна.
За овие прекршоци се предвидени казни од 6.000 до 20.000 динари, со заштитната мерка забрана за управување со моторно возило и пишување на казнени поени во возачката дозвола.
Слободан Маличиќ од Управата за сообраќајна полиција во Србија, за српските медиуми, изјавил дека не може да се договара за бројот на казнени поени и тие ќе бидат запишани во возачката дозвола. Договарањето ќе се прави со старешините од сообраќајната полиција, а договорената казна станува правосилна по потврдувањето во судот.
По направениот записник за сторен прекршок во сообраќајот возачот треба да се упати во полициската станица и таму се прави договорот за минималната казна. Со ова се избегнува плаќањето на судски трошоци, а поволност е тоа што казната може да се плати и на рати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил


