По повод одбележувањето на 26 јули – денот на катастрофалниот скопски земјотрес, МКЦ организира серија настани, кои почнуваат уште денеска (петок, 25 јули), во 21:00 часот со концерт на TI, DOJO & Lepi Xhoni.
Утре (сабота, 26 јули) програмата предвидува музика, филмски проекции илзожби и сл:
25 јули [концерт]
TI, DOJO & Lepi Xhoni
26 јули [кино]
r e : v o l t # 2 (Стефан Сидовски, Fighting Windmills 1977/2014)
Град на човечко препознавање (Трајче Попов 1972)
26 јули [изложба]
Одбрани дела на Томе Мишев
26 јули [КИНО НМИЛЕНИУМ]
Бесплатен филмски маратон
———————————
r e : v o l t # 2 (Стефан Сидовски, Fighting Windmills 1977/2014)
re:volt е омаж и посвета на „Револт“, аматерски филм кој Стефан Сидовски го снимил во 1977 година во Скопје, Македонија. Замислен е токму како омаж и посвета за да се трансформира во точка на повторливост: повторна продукција, повторно вложување, повторно оживување, повторно испитување.
Замислен е токму како омаж и посвета за да се креира платформа која ќе овозможи и понатаму центрифугално да се шири неговата енергија, неговата свежина и страст.
https://www.facebook.com/revoltmk
http://fightingwindmills.com/
Град на човечко препознавање (Трајче Попов 1972)
Производство: Вардар филм – Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 44 минути
Филмот е посветен на Скопје, на неговиот развој низ векови, на борбата против разните окупатори и природните стихии, за посетите на претседателот Тито, за сè она што било значајно во неговиот развој.
___________________________________________________________________
Изложба на избрани дела од академскиот сликар Томе Мишев.
Мишев е роден 1958 година во Струмица. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Скопје. На македонската ликовна сцена се истакнува како автор на препознатливи дела со експресионистичка и лирска aпстракција.
Самостојни изложби:
1999 Софија (Бугарија) „Досев Галерија”
Скопје КИЦ ( културно информативен центар)
Струмица Уметничка Галерија
Куманово Центар за култура
2002 Скопје КИЦ
2003 Бања Лука Република Српска ( БиХ) Музеј на современа уметност
2004 Сараево (БиХ) „ Сраевска зима 2004″
2005 Нирнберг (Германиј) Градска куќа Шварценбах (Германија)
2006 Венце (Франција)) Галерие ла Поинте Бадине
2007 Скопје Национална галерија на Македонија
2009 „Арт М галерија” Неготино
2010 Кавадарци град на културата Музеј галерија
2014 Струмица НУ Центар за култура „Антон Панов”
2011 Скопје перформанс „види музика слушни слика добиј книга”
Секоја средба со македонската модерна уметност, одново и одново води до мислатадека оваа земја е наследник на голем број расни уметници со индивидуална вокација, кои со силата на нивниот природен талент успеале да се приклучат во ексклузивниот сегмент на Европска уметност. Сликарот од помладата генерација Томе Мишев, се надеваме, оди по тој пат. Во тековите на уметничкото создавање, Мишев се вклучува во средината на деведесетите години, кога на овие простори уметниците сеуште не ги следат тековите на глобализацијата, туку се потпираат врз филизофијата на осумдесетите и трансавангардата. Уметниците како номади талкаат во минатото, како би нашле импулс и упориште за создавање на свои нови светови врз искуствата на нивните претходници. Мишев силно субјективно, промислено, ја реинтерпретира традицијата, водејки сметка за личната поетика, сопствените ставови и своите чувства. Неговото дело е најблиску до нов тип експресионизам , кој се темели на најдобрите традиции, а истовремено наслушувајќи ги сигналите на своето време. Инспиративните стимуланси го одразуваат поднебјето од кое потекнува, богато со боја, топлота, раскошна светлина која сонцето несебично му ја дарува. Меѓутоа, поднебјето за него не е само пејзаж, туку тоа се и ликови кои се инкорпорирани во просторот и атмосверата. Овие платна ја носат возбудата и радоста на сликањето а тоа е да со посредство на боја на платното се пренесат емоциите.
___________________________________________________________________
24 часовен филмски маратон во Кино Милениум
САБОТА (26.07):
11:00 – Поштарот Пет
13:00 – Како да го дресирате вашиот змеј 2 3Д
15:00 – Икс-Мен: Денови на идното минато 3Д
17:30 – Планетата на мајмуните – Револуција 3Д
20:00 – Херкул 3Д***
22:00 – Улица Скок бр. 22***
00.00 – ТРАНСФОРМЕРС: ДОБА НА ИЗУМИРАЊЕ 3Д
03.00 – Семеен Хаос
05.30 – ФИФА 2014: Обединети Страсти
08.00 – Рио 2 3Д
***Билети ќе се издаваат само за филмовите ХЕРКУЛ од 20:00 и УЛИЦА СКОК бр.22 од 22:00. Билети, на едно лице по највеќе 2 билета, ќе можат да се подигнат на билетара на Кино Милениум веќе од петок од 10:00. За останатите проекции нема да бидат потребни билети
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.