Кинеските инвеститори за една година на Менџетен купиле недвижности кои чинат 22 милијарди долари. Со ова тие ги надминаа и руските инвеститори кои досега трошеа најмногу пари трошеа.
Кинезите најмногу се заинтересирани за апартмани со поглед на Централ парк или во негова непосредна близина. Вложувањето во станови го сметаат за добра инвестиција но и за места за сигурен престој. Во новите згради повеќе од половината станари се странци, а меѓу нив најбројни се Кинезите.
Причината за зголемените вложувања во недвижнини е поради стабилната состојба во Америка, а инвестицијата е сигурна поради растот на цените. Сопственоста на станот е загарантирана.
Според извештајот на американската Национална асоцијација на трговците со недвижности (НРА)канадските купувачи се пред оние од Кина според бројот на извршени трансакции, но Кинезите се тие кои даваат највисока цена за станови на Менхетен.
Кинезите, освен во Њујорк купуваат станови и во други градови во САД. А како најголема причина за тоа е растот на кинеската економија во последните години, како и проблемот со корупцијата во нивната земја. Речиси 75 отсто од плаќањата на кинеските купувачи се извршени во кеш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.