| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжен викенд – времето и не ни е баш наклонето

sonce-pa-dozd

Продолжен викенд среде јули е одлична шанса за да се „пресече“ летото. Сепак, спорд Метеопро не сите денови ќе поминат со добро време во земјава.

Во сабота се очекува релативно топло време.  Максималната  ќе достигне вредност околу 31°С во котлините во северната половина од земјата, и околу 29°С во југозападното подрачје. Најтопло, до 36°С ќе биде во јужниот тек на Вардар.

Попладне локален развој на дождоносна облачност ќе има во западниот регион. Услови за локален дожд приквечер ќе има во крајниот исток на земјава, како и во околината на планинскиот регион околу Кожуф.

Вредност на УВ индекс 7.

Во недела ќе има мал пад на температурата. Максималната ќе достигне вредност околу 30°С во котлините во северната половина од земјата, и околу 28°С во југозападното подрачје. Најтопло, до 34°С ќе биде во југоисточниот регион. Денот ќе започне со мала до умерена облачност. Попладне и вечер во најголем дел од земјата ќе има појава на дожд и грмежи, локално со поголем интензитет. Наместа не се исклучува можноста за појава на град.

Вредност на УВ индекс 7.

Понеделник ќе донесе малку постабилно време од недела, а температурата ќе биде во мал пораст. Максималната вредност во земјава ќе достигне 35°С. Во текот на денотр ќе има мала до умерена облачност, а попладне повторно ќе има појава на локален дожд, наместа проследен со грмежи.

Вредност на УВ индекс 8.

Прогноза според Метеопро.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top