| четврток, 6 декември 2018 |

Во Хрватска: Од први септември децата според законот мора да мијат садови, да го местат креветот и да помагаат

roditeli

Во Хрватска, од први септември влегува во сила изменетиот Закон за семејство според кој децата се должи да им помагаат во домашните обврски на родителите. Со измената се дефинираат должностите на децата. Децата се должи да ги почитуваат своите родители и да им помагаат во домашните работи во согласност со својата возраст и убаво да се однесуваат кон сите членови во семејството.

Значи, децата се должни да ги раскреваат своите играчки, да го наместат креветот, да ја кренат чинијата кога ќе завршат со јадењето или кога ќе пораснат да фрлат ѓубре, да ги стават садовите во машина за миење, да собираат прав. Убаво да се однесуваат со своите браќа или сестри.

– Нека пишува во Законот, за да може да се повикаме на него. Вистина е дека децата се добри, добро учат на училиште, одлични ученици се и на крај ќе направат сè што треба, само треба да бидете упорни – коментира една мајка, која има петнаесетгодишен син и една година помлада ќерка.

Во Шпанија, на пример, овој Закон е уште попрецизен – децата се обврзани да ја  пишуваат домашната задача, да ги почитуваат правилата и да учат. Јасно е дека нема казни за непочитување на овие законски одредби. Контролата ја имаат само родителите.

– Овие одредби се корисни и за децата и за родителите. Децата така учат дека имаат обврски и одговорности, а родителите имаат законска оправданост да поставуваат граници и да даваат обврски – коментира психологот Јелена Врсаљко.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top