| четврток, 6 декември 2018 |

Една жртва во сообраќајка на патот Штип – Радовиш

soobrakajkaЕдно лице загина откако товарно моторно возило се превртело на патниот правец Штип – Радовиш.  Според МВР сообраќајната незгода се случила вчера, околу 15 часот и 45 минути на патниот правец Штип-Радовиш. Товарното моторно возило со штипски регистарки таблички управувано од И.К.(62) од Радовиш излетало од патот и се превртело. На самото место починал сопатникот Али.О (32) од Струмица. Полицијата извршила увид на местото на трагедијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top