| четврток, 6 декември 2018 |

Пречек на контингентот на АРМ од Авганистан

arm kontingent avganistanВо тетовската касарна „НХ Кузман Јосифовски Питу“ денeска ќе се одржи свеченост по повод враќањето на контингентот на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада, (1.мпбр), кој во изминатите шест месеци учествуваше во мисијата ИСАФ во Авганистан.

На свеченоста ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, заменик-министерот за одбрана Арбен Лабеништа, државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, високи претставници од МО и АРМ, претставници од локалната смаоуправа, роднините на припадниците од контингентот и други гости.

Во 16-та ротација на мировната мисија ИСАФ во која АРМ учествуваше со механизирана пешадиска чета, во Авганистан учествуваа 151 припадник на АРМ, кои заедно со најстариот национален претставник беа распоредени во главната команда на ИСАФ во Кабул.

Припадниците на АРМ во изминатите шест месеци во Кабул задачите ги извршуваа во рамки на контингентот на Армијата на Обединетото Кралство, каде што беа задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.

За професионалното извршување на задачите, покажаната компатибилност и интероперативност со силите на Алијансата во мисијата ИСАФ, припадниците на АРМ од командата на ИСАФ и од високите командни структури на Алијансата, беа оценети со највисоки оценки заради што АРМ и понатаму ужива висок рејтинг во НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top