Најпознатиот руски астролог ги предвидел авионските несреќи што се случуваат во последните денови… Проценувајќи ја веројатноста за природни непогоди и техногени катастрофи, Павел Глоба наводно рекол дека 2014 ќе биде година на зголемен ризик, и предупредил на авионските летови.
„Многу катастрофи се случуваат во периодот на затемнувањето. Во јули 2014 година нè очекуваат цели три затемнувања, во оваа смисла тоа е година на „жетвата“, бидејќи веројатноста за техногените катастрофи драматично се зголемува.
Најверојатно, во јули-август треба да очекуваме бран авионски несреќи, па јас би советувал сите да се воздржат од летање во сите правци. Во декември и јануари 2015 година драматично ќе се зголеми ризикот од земјотреси, особено во водите на Пацификот“, рекол тој.
Тој рекол и дека Украина ја чека распад на три дела, дека САД ќе ги зафати тешка финансиска криза, која ќе ја преживеат, а дека Европската Унија и НАТО ќе се распаднат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.