| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто сексот го продолжува вашиот живот?

секс

Испитаниците кои воделе љубов најмалку два пати неделно имале два пати помала стапка на прерана смрт од апстинент.

Освен што опушта, редовниот секс помага и во лечење на несоница, ја забрзува циркулацијата, ја ублажува болката и го продолжува животниот век, тврдат британските научници. Тоа е една од ретките состојби во кои потполно се опуштаме и не мислиме на секојдневните обврски, кажува др. Џон Декстер за Универзитетот Ланкастер. Резултатите од истражувањето во кое учествувале 1.000 личности охрабруваат: испитаниците кои воделе љубов најмалку два пати неделно имале два пати помала стапка на прерана смрт од апстинент. Но, придобивките од сексот не завршуваат тука.

Помага против несоница

После оргазмот, крвниот притисок кај мажите опаѓа, заради кој се смируваат и лесно заспиваат. Кај жените тоа е малку побавно, но последиците се слични. Оргазмот е природен лек за несоница и затоа немојте да пиете таблети, заспивајте со секс.

Ги зацврстува мускулите

Во текот на оргазмот доаѓа до контракција на мускулите кои ја намалуваат напнатоста и ги заврстуваат нашите мускули. Единствен проблем може да биде количината на ваков вид “вежба” за да се постигне посакуваниот резултат. Експериментирајте малку.

Троши калории

Во текот на сексуален однос кој трае 30 минути се губат 150 калории, додека со вежбање на јога 114 калории, танцување 129 калории, дигање тегови 153 калории и одбојка 174 калории.

Ја забрзува циркулацијата

Ќелиите на вашето тело ќе бидат поздрави доколку крвта ги снабдува со свеж кислород. А за тоа придонесуваат длабокото дишење и контракцијата на мускулите за време на сексот, па слободно можете да кажете дека сексот тече низ вашите вени.

Ја ублажува болката

За време на оргазмот се зголемува нивото на окситоцин, хормонот кој благотворно делува на болката, од главоболка до силен артирис

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top