Кој имал најмногу партнери, кои се најголемите прељубници, а кој глуми, открива најновото светско истражување за сексот што се спроведува уште од 2009 година во дури 30 земји, а во кое до сега учествувале дури 35.000 испитаници.
Истражувањето откри дека 55% од светската популација имале од еден до осум партнери. Интересно е што по бројот на сексуални партнери во животот водат Швајцарците. Имено, дури 26% од испитаниците изјавиле дека имале повеќе од 20 партнери. Следуваат Грците со 25%, а во Велика Британија едно од пет лица имало повеќе од 20 партнери.
Во Јапонија дури 44% од испитаниците имале сексуални односи со од еден до три партнери.
Шампиони во изневерување сепак се Французите. Дури 74% испитаници изјавиле дека го изневериле партнерот. Следуваат земјите од Јужна Америка – Чиле, Колумбија и Бразил – во кои 50% од испитаниците признале неверство. Но ако вашиот партнер е Австралијанец или Белгиец, имате среќа бидејќи тие спаѓаат во нации што најмалку изневеруваат или барем најмалку го признаваат неверството. Имено, 77% од Австралијанците и 78% од Белгијците тврдат дека не го изневериле партнерот.
Кога се работи за глумење оргазам, изгледа дека резултатот е еднаков. Глобално гледано, половина свет глумеле оргазам, барем еднаш.
Жителите на Латинска Америка се најголеми фејкери. Дури 70% од Колумбијците признале дека глумеле оргазам, а следува Чиле со 64% и Бразил со 56%. Португалците и Грците најмалку глумат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.