| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто обожаваме секс под туш?

seks tus

Сексот под туш или во када е одличен начин да ја разбиете сексуалната рутина. Чувството на топла и ладна вода на вашите тела додека водите љубов ќе ве стимулира на сосема нов начин и ќе ја направи целата приказна многу интересна.

Зошто обожаваме секс под туш? 

1.Оралниот секс станува уште подобар. Под проточната вода нема да мора да се грижите за тоа дали сте доволно „свежи“ таму долу, дополнителната влажност уште побрзо ќе ве возбуди, а топлата и ладна вода дополнително ќе ве стимулира.

2. Тоа е како бакнување на дождот – само без облека. Има ли нешто посекси од тоа?

3. Можете да триете сапуница еден од друг по телото. Кога веќе имате можност, решете две работи одеднаш. По сексот, измијте се и истријте се меѓу себе.

4. Како да сте на масажа додека истовремено водите љубов. Стоење под тушот – инстант-масажа на грбот. 

5. Двојно уживање. Тушот ви овозможува двојно задоволство. Додека тој влегува во вас одзади, директниот млаз насочете го кон клиторисот и препуштете му се на врвното уживање.

6. Може и во „оние денови“. Факт е дека не им е на сите удобно да водат љубов за време на менструацијата бидејќи дури и погледот на малку крв може да вознемири некого. Но ако сте под туш, лесно можете да се измиете. Совет: придушете го светлото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top