На жените сексот им е многу важен, што дури се подготвени и веднаш да ја раскинат врската ако партнерот не им одговара во кревет.
Истражувањата кои се направени, покажале дека повеќето жени, околу 41 отсто, на партнерот би му дале 3 шанси, бидејќи веруваат дека првиот секс скоро секогаш е загрозен од тремата.
Според тоа, 3 шанси се сосем доволни за партнерот да се опушти, а во случај ниедна од шансите да не ја искористи како што треба, без претерано размислување би го откачиле и би продолжиле со потрагата на подобар љубовник.
За тоа дека не се сите дами толку остри, докажува и бројката од 30 проценти кои рекле дека не би биле толку строги за да ги откачат момчињата, туку би се потрудиле малку повеќе за да го подобрат сексот.
Во секоја приказна се наоѓа и по некој екстремен пример. Дури 4 отсто од жените на партнерите не би им дале ниту втора шанса.
Доколку не ги задоволат првиот пат, што се однесува до нив, фраерот може слободно да продолжи понатаму, бидејќи не се заинтересирани за понатамошна соработка.
Извор: Црнобело
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


