| четврток, 6 декември 2018 |

Совети за инстант-расположение

Без разлика дали е стресот поврзан со работата, секојдневните обврски или партнерот, присутен е кај сите нас. Како полесно и побрзо да се олабавите?

1. Дете
Детската прегратка моментно го подигнува расположението. Без разлика дали се работи за дете на ваша пријателка, роднина, колешка, децата знаат да го подобрат вашето расположение и да ви дадат љубов.
2. Kaфе
Ново истражување вели дека мирисот на кафето го намалува стресот. На ова се надоврзува и позитивното дејство на чинот на пиење на кафе, посебно ако е со пријатели.
 
3. Сина боја
Ако се чуствувате раздразнето, обидете се да мислите или да гледате во сина боја. Психологијата ја поврзува оваа боја со чувството за смиреност, а истражувањата само потврдуваат дека изложеноста на сино светло помага во ослободувањето од стрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top