Претседателот на Русија Владимир Путин ги презеде првите чекори и им го „укина“ летото на Русите, откако го потпиша Законот со кој во земјата постојано ќе има зимско сметање на времето, пренесува „Би-Би-Си“.
Овој потег за намалување на временската разлика меѓу Москва и поголем дел од Европа за еден час, во исто време ќе создаде две нови временски зони. Русија мометно има девет временски зони.
Со овој потег се затвора експериментот, кој почна со поранешниот претседател Дмитриј Медведев. Тој во 2011 година ги намести сите часовници на „летно време“. Оваа промена во почетокот беше прифатена со задоволство, но истражувањето покажа дека помалку од една третина Руси сакаат да ги задржат старите навики во однос на времето.
Медицинските стручњаци тврдат дека константното летно сметање на времето може да предизвика стрес и здравствени проблеми кај луѓето, посебно во северните делови на Русија, каде што утрата ќе бидат без сонце во текот на зимските месеци. Тие, исто така, укажаа на зголемениот број сообраќајни несреќи во 2012 година во споредба со претходните години, а главна причина била промената на сметањето на времето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Путин: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на првата!
-
Не може секој да оди покрај него: Асад тргна заедно со Путин, но не стигна далеку (видео)
-
Кој е господин Адамов: Факти за Владимир Путин кои ретко кој ги знае
-
Средба Ердоган – Путин: Односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени