-Кога правите детоксикација, сè што ќе залепите во организмот треба да помогне за отстранување на токсините, но и да ви обезбеди течности, кои ќе ви дадат нешто корисно – вели Филип Голијат, нутриционист, на кого клиентки му се Џилијан Андерсон, Лора Дерн и Тајра Бенкс, како и моделите на „Викторија сикретс“.
– Мојата детоксикација е многу строга, па мора да издржите во текот на викендот. Иако повеќето тежина која ќе ја загубите ќе биде од вода, тоа ќе го стимулира телото за отстранување на приведените токсини во телото – вели Филип, кој смета дека протеинот е клучот за детоксикацијата бидејќи помага во елиминирањето на течностите.
Се препорачуваат и доматите (поради антиоксидантот ликопен), житарките и зеленчукот, со кои ќе ја зголемите внатрешната температура и ќе го забрзате процесот на детоксикација.
Рецепт за сируп за слабеење
– 300 мл вода
– 2 лажици сок од лимон
– 1 лажица јаворов сируп
– Малку сушен мелен црн пипер и лут пипер
– Малку ѓумбир
Сите состојки ставете ги во чаша, добро промешајте го пијалакот и употребете го.
Сок за забрзување на метаболизмот
(Секој ден пред појадок)
– 6 лажици исцеден сок од зелен лимон
– 2 зрели домати, средни
– Чаша сецкани коријандер
– 4 лажици свеж див лук
– 480 мл филтрирана вода
– 4 лажици маслиново масло
– 1 чешне лук
– Малку сенф во прав
– 6 -8 коцки мраз
Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте ги на максимална брзина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



