Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави дека наркобосот Дарко Шариќ не може да каже ништо што би можело да го загрози него или земјата.
На прашањето да ги прокоментира наводите од сослушувањето на Шариќ, во кои сведочи дека му бил понуден договор доколку го обвини црногорскиот премиер за што било, Ѓукановиќ истакна дека таа информација не го изненадила.
– Тоа не ме вознемирува бидејќи дури и да постоел таков аранжман, не гледам дека некој од нив би можел да каже нешто што ќе претставува товар за Црна Гора или за мене лично – објасни Ѓукановиќ пред новинарите.
Тој истакна дека тоа не го изненадило бидејќи различни луѓе во претходните години раскажувале како добивале слични понуди од одредени безбедносни структури во Србија.
– Од формирањето на новата власт во Србија не регистрираме такви драстични негативни намери кон Црна Гора, ниту, пак, негативни тонови – нагласи црногорскиот премиер истакнувајќи го напредокот во односите меѓу двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.