| четврток, 6 декември 2018 |

Проблеми на банки во Португалија и во Бугарија – се враќа ли кризата?

„Гласини за банкрот во Португалија“, „Нов банкарски скандал во Бугарија“ – само два од насловите од минатата недела. Ако каде било во Европа некоја банка се најде во проблематична ситуација, кризата наводно веќе не е многу далеку. Во случајот со бугарската Корп банка, владата на таа земја соопшти дека ќе мора дополнително да се задолжува и на финансиските пазари да обезбеди околу една милијарда евра за спасување на банката.

Такви случаи ќе има и во иднина, уверен е Андреас Домбрет од Управниот одбор на германската Бундесбанка: „Тоа воопшто не може да се исклучи, напротив“. И кога една земја како Бугарија, најсиромашната во ЕУ, мора да прави долгови во толкав обем, тоа има последици за целата економија. Бугарија мораше да ги коригира своите цели во однос на дефицитот – од планираните 1,8 сега би можеле да испаднат преку 3 проценти од севкупниот економски производ на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top