Градоначалникот на холандскиот град Хилверсум, Питер Броертјес, вчера побарал ќерката на Владимир Путин, Марија, која со своето момче живее во Холандија, да се депортира од таа земја.
За потсетување, повеќе од половина патници што неодамна загинаа при уривањето на малезискиот „боинг“ беа Холанѓани.
Меѓутоа, Броертјес подоцна откако ја дал таа изјава се извинил и на својот профил на „Твитер“ напишал дека тоа што го кажал не било мудро и додал дека тоа било само одраз на немоќ и на беспомошност.
Од друга страна, како што јавуваат холандските медиуми, Украинците што живеат во таа земја повикале на мирни протести пред зградата во која живее ќерката на Путин.
За ќерките на рускиот претседател, Марија и Екатерина, се знае многу малку, нема нивни фотографии на интернет и никогаш не се фотографирале со познатите личности.
Холандските медиуми тврдеа дека минатата година Путин ја посетил својата ќерка во оваа земја, но портпаролот на Путин официјално го демантирал тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.