Леќата не е житно растение, а затоа што е една од најздравите зрнести плодови, често ја сметаат за додатна житарка.
За леќата постои една истражувачка научна теорија дека доколку исчезнат сите видови семиња за исхрана на луѓето, ова растение е единственото кое ќе остане последно на Земјата. Од само неколку семки и под тешки временски услови, леќата може да се размножи и повторно да го прехрани населението. Овој тип мешункасто растение расте и во многу сушни предели, а и на места каде што има вода. Вирее и во котлини и во долини, но и на песокливи и понеплодни почви.
Освен овие карактеристики, растението е исклучително здраво семе. За разлика од останатите житни, мешункасти и коренести растенија, леќата не содржи ни грам глутен.
Таа го намалува нивото на холестерол, односно го намалува ЛДЛ (лошиот) холестерол, а го покачува ХДЛ (добриот) холестерол.
Леќата е побогата со протеини многу повеќе од оризот, просото, пченката или јачменот и содржи 12 големи аминокиселини. Таа, исто така, е голем извор на рутин, моќен антиоксидант кој ги поддржува нашите кардиоваскуларни функции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


