| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Попоски ќе се обрати на конференцијата на иселенички организации

ПОПОСКИ-2-

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе се обрати на Петтата годишна конференција на иселеничките организации, што од вчера се одржува во Скопје, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.

Учесниците денеска ќе дискутираат на тема државјанство и избирачко право, организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивните организации во светот и нивна соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија и организирање на форуми на иселеници според одделни професии, како и остварување на пензиско право на иселениците.

На конференција на иселеничките организации, што вчера ја отвори претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, учесниците дебатираа и на тема чување и негување на македонскиот јазик и култура, како и за јазикот и културата на припадниците на заедниците во Република Македонија кои не се мнозинство и поддршка на конкретни проекти и активности на иселениците и иселеничките организации од страна на надлежните државни органи.

На свеченото затворање на конференцијата на иселенички организации, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе им доделени одликувања и признанија „Македонија памти” на физички и правни лица од иселеништво за особени заслуги и достигнувања за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top