| четврток, 6 декември 2018 |

Луѓето израснати во комунизмот повеќе мамат од децата на капитализмот?

kapitalizam komunizam

Колку влијае економскиот и политичкиот систем на однесувањето на луѓето? Прашање на кое последните години се обидуваат да одговорат многу научници, меѓу кои и познатиот психолог и економист Дан Ариел од универзитетот Дјук. Тој заедно со тим соработници објавил интересна студија која укажува дека луѓето израснати во услови на ригиден комунизам каков владееше во Источна Германија, се посклони на нечесно однесување од оние формирани во социјалниот капитализам на Западна Германија.

Резултатите од студијата во голема мерка се слични со оние на др. Армин Фалк од универзитетот во Бон и др. Нора Жеч од Универзитетот во Бамберг кои утврдиле дека пазарната економија доведува до ерозија на моралот.

Во Ариеловата студија биле вклучени вкупно 250 случајно одбрани жители на Берлин кои учествувале во игра во која можело да се заработат до шест евра. Играта била едноставна. Секој учесник требало да фрли коцки 40 пати и да го запише резултатот од секое фрлање на парче хартија, по што поголемиот вкупен резултат значи и поголема добивка.

По крајот на играта учесниците го пополниле образецот каде одговарале на прашања каде се родени и израснати, каде живееле во 1980 година, а каде во 1990 година. Кога подоцна соработниците на Ариел ги анализирале резултатите дознаме дека личностите со источногермански корени мамеле двојно повеќе од оние кои израснале во Западна Германија и во пазарен капитализам, но со силна политика на социјално осигурување. Се истражувало и колку време учесниците со источногермански корени минале на другата страна на Берлинскиот ѕид. Што повеќе живееле во источно германскиот дел тоа била поголема веројатноста дека во играта ќе одберат поголеми бројки.

– Резултатите покажаа дека двете групи учесници мамат, но источните Германци тоа го правеа во поголема мерка. Освен тоа, се покажа дека постарите Германци од источниот дел кои подолго биле изложени на социјалистички систем биле посклони на мамење. Ариел притоа заклучи дека социјалистичкиот политички режим има трајно еродирачко влијание на темелите на моралноста на граѓаните, вели Коста Бован, докторант на факултетот за политички науки ФПЗГ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top