Евентуално независна Шкотска ќе мора да бара прием за членство и влез во ЕУ, како и сите други европски земји, затоа што би станувало збор за сосема нова независна држава, изјави за Би-Би-Си летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс.
Летонија ќе го преземе претседавањето со ЕУ, набргу по одржаниот референдум во Шкотска за независност, закажен за октомври 2014 година. Доколку на референдумот мнозинството од гласачите се определат за отцепување, а независна Шкотска побара прием во ЕУ, токму Летонија ќе го има во надлежност решавањето на „шкотскиот случај“.
Министерот Ринкевичс уште смета дека „можеби и остатокот на Велика Британија не ќе може по автоматизам да го наследи членството во ЕУ, што го има сегашното Обединето Кралство“.
Според него, Европската комисија ќе мора детално и целосно да го истражи овој случај за да може да дојде до едно квалитетно правно решение, особено што станува збор за прв ваков случај на можно отцепување во една земја членка на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.