Малку земјоделци ги осигуруваат посевите поради што и е многу мала реализацијата на владината поддршка за оваа намена. Според последните податоци, само 1.300 искористиле субвенции за полиси или вкупно 21 милион денари.
– Не сме задоволни од апсорпцијата на средствата, но сепак, во однос на 2008 година кога оваа мерка беше првпат воведена заинтересираноста за осигурување на обработливите површини се зголемува. Тогаш 300 земјоделци користеа поддршка и беа потрошени три милиони евра, изјави Перица Ивановски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Според него, не само што има можност, туку е огромна и потребата од што поинтензивно осигурување на посевите. Тоа се потврди и со поројните дождови и поплавите што ја зафатија Македонија деновиве.
Вреднувањето на земјоделското производство од страна на осигурителните компании и дефинирањето на условите во полисата се меѓу клучните причини поради кои производителите во мал процент ги осигуруваат површините. Најмногу полиси има за градинарството, лозарството и овоштарството.
За 2013 година државата обезбеди околу 35 милиони денари со кои ќе покрива 60 отсто од трошоците за полиси на земјоделските површини. Во мерката е вклучено и пчеларството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Големото предизборно ветување на СДСМ, зелената нафта за земјоделците, остана неисполнето (видео)
-
Тренов: СДС и Заев не го исполнија ниту едно ветување кон земјоделците
-
Осигурителната индустрија со умерен пораст во првите шест месеци од годинава
-
Ведрана е најзгодната фармерка на Балканот: Најубаво ми е кога возам трактор (Видео)


