Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ги прими Зоран Јолевски и Васко Наумовски, досегашниот и идниот пратеник на Република Македонија за разговорите меѓу Република Македонија и Република Грција за надминување на разликата околу името под покровителство на Обединетите нации.
На средбата, соопшти kабинетот на Иванов, Наумовски беше запознаен со досегашните активности во рамки на процесот што се води под покровителство на ОН.
Претседателот Иванов му посака успешно вршење на должноста, а на Јолевски му се заблагодари за севкупниот негов досегашен ангажман и за сите остварени активности како пратеник во разговорите за разликата околу името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани





