Голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон пред точно два месеци јавно призна дека се разделил со својата сопруга, чешкиот сексипилен модел Алена Середова. Веднаш потоа започнаа и гласините дека љубовта повторно ја пронашол во италијанската тв водителка Иларија Д’Амико, со кого папараците деновиве го уловија на јахта во Грција. Според италијанските медиуми Џиџи е полуден од љубов по црнокосата убавица која го следи фудбалот на „Скај“ Италија.
Буфон и Середова важеа долго за една од најстабилните познати двојки во Италија, имаат два сина, а својата врска ја озаконија во јуни 2011 г. Меѓутоа, неодамна голманот “ја загубил главата” по атрактивната Иларија, ги напуштил семејната куќа и Алена и се преселил во стан во Торино. Не е познато дали Иларија живее со него, а убавата новинарка порано беше поврзувана и со Дејвид Бекам, со кого наводно имала кратка и бурна афера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.