| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска објави општо намалување на платите за три отсто

Владата на Хрватска ги намалува платите на сите државни службеници за три отсто, а намалувањето се однесува од месец март. Под оваа мерка ќе се најдат вработените во државните институции, даночната и царинската управа, полицијата , војската

Zagreb-jelacic-sq-0914-630x418
Од ова кратење на платите биле изземени учителите и наставниците. Но на просветните работници претходно ќе им бидат зголемени коефициентите за плати за шест отсто, а потоа така зголемените плати ќе се намалат за три отсто

за менувањето на коефициентите на државните службеници, државните ревизори, судиите и вработените во правосудството требало да се сменат неколку закони, па хрватската влада се одлучила за општо намалување на основиците.

Во образложението на владата стои дека причините за намалувањето на платите е поради значајни заштеди во државниот буџет. Тоа било причина за преиспитување на сите државни трошоци, по големата економска и финансиска криза во земјата, како и за намалувањето на БДП кој покажува негативен раст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top