| четврток, 6 декември 2018 |

Војската ги расчистува последиците од поплавите

војскаАрмијата на Република Македонија активно се вклучи со помош и асистенција во отстранувањето на  последиците од поплавите, особено во најпогодените реони во источниот дел на Република Македонија, соопшти денеска ГШ на АРМ.

За извршување на задачите на терен се ангажирани припадници од составот на Здружената оперативната команда и тоа 60 припадници на АРМ од составот на првата механизирана пешадиска бригада со потребен број на моторни и санитетски возила за отстранување на наслагите од тиња и црпење на вода од дворовите и куќите на населението во населбата викана „Ливади“ во Свети Николе, каде е  дадена и неопходна санитетска помош.

Во текот на вчерашниот ден за отстранување на последиците од поплавите во Општина Василево испратена е екипа на АРМ  од составот на инженериските единици  каде се интервенира со инжинериски машини, кои имаат задача да изработат насип на реката Турија.

Армијата на Република Македонија, се вели во соопштението, и натаму ќе ја следи состојбата со поплавите во Република Македонија и ќе постапува во рамките на своите можности и надлежности, согласно насоките и барањата на Координативното тело за справување со поплавите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top