Албанската влада на премиерот Еди Рама се оглуши на острите реакции и барања на припадниците на македонското и грчкото малцинство во врска со новата административно-територијална поделба.
На денешната седница без да се прифати ни едно барање на малцинствата даде зелено светло Парламентот да го усвои предлог-законот. Владиниот кабинет ја поддржа петтата варијанта, која пак претходно беше прифатена од Парламентарната комисија за територијална реформа.
– Нашиот став за административно-територијална поделба е јасен и конечен во поддршка на предлогот добиен од Парламентарната комисија. Проектот за поделба на 61 локална единица што е резултат на една целосна и сеопфатна анализа и законот го доставуваме до Парламентот за усвојување, изјави Бленди Чучи министер за локална самоуправа.
Предлог законот е на дневен ред на седницата закажана за 23 јули, а треба да се изласа најдоцна до 31 јули кога е последната седница на парламентарнците пред летниот одмор.
Во меѓувреме, и преставникот на македонското малциство во Државниот комитет за малцинства во Албанија, Нико Китани, се произнесе против новата мапа на административно-територијална поделба, со која како самостојна локална единица останува само Пустец и го поддржа барањето на претставниците на македонската партија и нивните здруженија, општините во Голо Брдо и Гора да останат самостојни бидеќи таму живее голем дел на македонското малцинство.
Македонците во Албанија побараа во регионот на Пешкопеја, општините Стеблево, Требиште и Острени, областа на Голо Брдо да се обединат и да се создаде општина Голо Брдо. Ворегионот на Кукс општините Шиштавец, Топојан и Запот во областа Гора да се обединат и да се создаде општина Гора, додека во регионот на Корча општина Пустец во областа на Преспа да се преименува во општина Преспа. Тие побараа помош и од меѓународните организации.
Против новата територијална поделба се и припадниците на грчкото малцинство, но и албанската опозициска Демократска партија, како и неколку пратеници од редовите на владеачките социјалисти. Доколку до последен миг останат на нивниот став владеачкото мнозинство ќе го нема потребниот број гласови(84) за да го изгласа истиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија



