Група роднини на жртвите од настаните на плоштадот „Тианамен“ во 1989 година побараа кинеските власти да го испитаат убиството на стотици луѓе при задушувањето на продемократските протести.
Новите комунистички лидери во Кина, избрани во ноември минатата година „треба да ги исправат грешките од претходните лидери и да се однесуваат кон прашањето на доблесен начин, кој ќе го издржи тестот на времето, се наваедува во соопштението на неформалната организација „Мајките од Тианамен“, кое ги обединува роднините и поддржувачите на жртвите, кои во 1995 година водеа кампшања да ги натераат властите да почнат истрага, да се извинат и да платат отштета.
Организацијата е предводена од универзитетскиот професор Дин Цилин, чиј 17-годишен син е убиен на плоштадот во Пекинг. Досега групата ја потврди смртта на 200 луѓе во ноќта меѓу 3. и 4. јуни 1989 година, но се смета дека бројот на жртвите е многу поголем.
Организацијата бара да се формира комисија, која ќе спроведе независна истрага за настаните од 4. јуни 1989 година и да биде објавен списокот на жртвите, како и да биде исплатена отштета согласно законот.
– Трите барања може да бидат кажани со три збора: вистина, отштета и одговорност, се наведува во писмото доставени од кинеското Собрание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


