Во рамки на активностите на владиното Координативно тело за справување со последиците од поплавите, од аеродромот Петровец беше испратена нова пратка помош во храна за жителите на населеното место Злеово, кои поради поплавите во радовишкиот регион неколку дена се отсечени од останатите населени места.
– Како координативно тело будно ги следиме состојбите на терен во секој од погодените региони. Во текот на вчерашниот ден со хеликоптерот на МВР бевме во Злеово, каде однесовме вода и лекови за жителите, како и медицински тим кој остана таму изминатите 24 часа. Денеска испраќаме дополнителни количини храна, брашно и масло за јадење, дополнителна количина лекови и нов медицински тим, истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.
Тој истакна дека продолжуваат редовните контакти со жителите на Злеово и на останатите критични места. – Како Влада правиме се што е во наша надлежност за справување со последиците и менаџирање на состојбите. Ние се солидаризираме со жителите од овие региони и затоа ги спроведуваме овие активности како и низа други мерки и активности директно насочени кој секој регион, истакна Коњановски.
Тој информираше дека во повеќето критични региони состојбите се смируваат и оти се преземаат сите активности патниот правец Злеово – Покрајчево да се пробие, упатувајќи благодарност до компаниите кои донираа брашно и масло за жителите од Злеово, како и до медицинските тимови од Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Нова трагедија во Италија: Поплава однесе најмалку осум животи
-
Две години од поплавите во кои загинаа 22 лица: Никогаш да не ни се повтори!


